МАКЕДОНИЈА
Што ги предизвика протестите во Албанија? Зборува новинарот Александер Чипа

Новинарот од Албанија, Александер Чипа во „Емисија 200“ на Алсат кажа што според него ги предизвикува протестите во Албанија. Како што вели тој, бранот протести доаѓа поради поскапувањето на горивата.
„Протестот доби индиции поради поскапувањето на горивата, како резултат на договор меѓу монополистите на овие производи на албанскиот пазар и секако ги разниша индивидуалните финансии на граѓаните, особено оние на кои им е потребна. И токму тоа овозможи реакцијата да биде итна, енергична од засегнатите слоеви и практично иницирана од Граѓанското општество“, рече Чипа.