Што кажува профилот за вашиот карактер

Физиономијата е наука која открива какви каракеристики имаат луѓето на основа на нивниот физички изглед. Аристотел бил првиот кој ја навел во своите учења каде напишал дека тој верува оти човекот во себе поседува надворешни карактеристики на одредени видови животни на кои потсетува со физиономијата.
Обликот на лицето и профилот се она што прво го забележуваат луѓето кога се запознаваат меѓусебно.
Еве како обликот на лицето покажува каква личност сте.
Конкавен профил
(Долна вилица и долна усна нанадвор; истакнато чело)
Бавни во мислите, говорот, но многу издржливи. Заинтересирани за теорија, медитација. Знаат да бидат отсутни со умот, да филозофираат на различни теми, умерени и благи во постапките и енергијата која ја покажуваат, трепеливи и посветени. Овие луѓе се мирни, со добри навики, но понекогаш можат да бидат непрактични. Знаат да реагираат со воздржаност. Тие се предани пријатели, одлично паметат сè и сешто. Иако не се одмаздољубиви, знаат да паметат лоши работи.
Вертикален, рамен профил
Луѓето со ваква физиономија најчесто пред себе поставуваат високи цели. Тие се смирени и разбрани личности, иако со својата упорност знаат да бидат тврдоглави. Пораз е збор кој го нема во нивниот речник, а доколку се случи, никогаш нема да го признаат. Љубопитни се, рационални и ладнокрвни. Секоја започната работа, дури и по цена на останати одрекувања, ја водат до крај. Никогаш нема да застанат на половина пат, бидејќи тоа не е во согласност со нивната амбициозна природа.
Конвексен профил
(Горната вилица со горната усна нанадвор; брадата е вовлечена)
Овие личности ги карактеризира брзото мислење и делување, практичност, одлични се во набљудување, ги интересираат факти, вести и говор на тело. Енергични се, нетрпеливи, имулсивни и неиздржливи. Брзи се, практични и добри работници. Тие секогаш се ентузијасти, со голем елан пристапуваат кон секоја работа и веруваат во успех. Сакаат да се грижат за другите, полни се со љубов и поддршка. Уживаат да стекнуваат нови искуства. Реагираат многу брзо и способни се во момент да донесат вистинска одлука. Остроумни, но нетрплеви што има создава препрека во комуникацијата. Многу сакаат да зборуваат, но не се подготвени да слушаат.