

Алсат
03.08.2020 08:19
Кога родителите разговараат со децата, тие обично не размислуваат за тоа што го слушаат децата, начинот на кој го разбираат разговорот. Тие едно зборуваат, а интерпретацијата е друго. Стручњаците велат дека има посоодветен начин да се кажат работите, а да не се направи голема штета.
Како треба да се каже информацијата за да може детето да ја разбере на вистински начин:
1.Ние велиме:-Внимавај ќе паднеш/Не го допирај кучето ќе те касне
Тие слушаат:Светот е опасно место, подобро ништо не прави.
Треба да кажеме: Грижи се себе/чувај се/Биди внимателен
2.Ние велиме: Ајде побрзо/Побрзај/Молчи/Одговарај
Детето слуша: Не си важен/Мораш да ги жртвуваш своите желби за сметка на другите
Треба да кажеме: Имам 10 минути. Колку време ти треба тебе да се подготвиш
3.Ние велиме: Не плачи/Не вришти/Не се смеј!
Детето слуша: Не ги изразувај своите емоции
Треба да кажеме: Веројатно си се изморил(а)/Дали си исплашен од нешто(а)
4.Ние велиме: Колку пати морам да ти повторувам?
Детето слуша: Ти си глупав/губитник
Треба да кажеме: Сигурно можеш да успееш, пробај уште еднаш
5.Ние велиме: Момчињата не треба да се плашат/Девојчињата треба да бидат послушни
Детето слуша: Машките немаат право на чувства/Жената секогаш треба да биде жртва
Треба да кажеме: Ти си вознемирен/Ти си лут/Ти имаш право тоа да го преживееш
6.Ние велиме: Како не ти срам
Детето слуша: Ти си лош, со тебе нешто не е во ред
Треба да кажеме: Сите ние грешиме/Грешка е – ќе научиш со тек на време
7.Ние велиме: Види како тој го прави тоа убаво. А, ти?
Детето слуша: Ти си најлош од сите
Треба да кажеме: Те сакам таков каков што си