МАКЕДОНИЈА

Што ќе им понуди на туристите годинава Попова Шапка?

Директорот на Елем Турс, Адем Авзиу, при своето учество во емисијата „Економски магазин“ на Алсат,  рече дека се планира изградба на неколку паркинзи на Попова Шапка, за да се реши проблемот со кој се соочува овој туристички центар. Авзиу дури најави изградба на два нови хотела со четири ѕвезди.

Advertisements

„Во туристичкиот центар „Попова Шапка“ туристите и скијачите ќе имаат пристап до сите ски-лифтови, кои се во совршена состојба и ќе работат без исклучок. Како што напоменав претходно, ги направивме сите потребни инспекции за оваа туристичка сезона. Тие ќе го имаат на располагање хотелот Славија, кој е во сопственост на државата, а управуван од нас. Во координација и соработка сме и со приватни економски оператори кои работат во Туристичкиот центар „Попова Шапка“. И тие се подготвени со полн капацитет и очекуваме во секој момент да има доволно снежни врнежи, отворањето на туристичката сезона да биде и  официјално за оваа година“, изјави Авзиу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button