

Алсат
03.09.2020 08:30
Ова е една од ситуациите кој ниту еден родител не ја посакува, но му се случува на секое семејство. Не е ништо страшно, само треба внимателно да се постапи и со тек на време ќе се реши проблемот.
Како да се справите со ситуацијата?
-Воздржете се од искушението да вратите на ист начин. Ако вратите на истиот начин само ќе покажете лош пример за вашето дете. Тие треба да научат дека вербалните напади не се најдобра одбрана.
-Останете мирни и фокусирајте се на чувствата на детето. Најочекуваната реакција на секој мајка е се развика и да рече „не можеш така да зборуваш со мене, јас сум ти мајка“ или „ова ли е начин да ми вратиш за се што направив за тебе“? Но, ваквата реакција ќе му покаже на детето дека бие лесно губите контрола над ситуацијата. Не се фокусирајте на себе. Во тој момент, најважно е детето.
-Не го исмејувајте, ниту пак потценувајте неговите чувства. Децата имаат потреба да знаат дека нивните чувства ќе бидат земени предвид. Покажете почитување без разлика колку и да глупава причината. За нив, секогаш станува збор за голема работа.
-Имајте подготвен одговор однапред како на пример „Ако, јас те сакам за нас колку за нас двајца“. Кога ќе се соочите со ваква ситуација, не дозволувајте да ве изненади.
-Тешко е да се контролирате себеси, затоа подобро е да се повлечете и да му кажете дека ќе продолжите со разговорот за 15 минути.
-Запамтете дека вашето дете не го мисли навистина тоа што го кажува и нема намера да ве повреди. Децата на рана возраст се себични и немаат капацитет да разберат како нивните дела влијаат на другите. Кога тие ќе речат „те мразам“ сакаат да кажат „лут/а сум и ја кажувам првата работа што ми доаѓа на ум“.
-Помогнете му да научи како да ги именува чувствата.
-Немојте да го користите зборот „мразам“ премногу често пред детето, посебно не во конотација на луѓе и храна.
-Со време, поставувајте граници. Давајте опција како казна. На пример „не може да јадеш чоколадо“, додадете „можеш да јадеш јаболко или банана“.
-Немојте да се споредувате со семејствата од ТВ сериите. Тие се секогаш чисти, средени, најадени и убаво се однесуваат. Тие се фикција.
-Немојте да се споредувате ниту со кое било друго семејство. Навидум и на збор, сите се совршени.