ЗАБАВА

Што кога моќта се употребува за погрешни цели?


Која е првата работа што ви доаѓа на ум кога некој ќе ви спомне МОЌ?

Пари, политика, бизнис, можност и начин да направите се што ќе посакате.
Во бизнис терминологијата моќта е дефинирана како можност да се предизвика или превенира некоја акција, односно да бидете во можност да направите нешто да се случи.  Во политикатa дефиницијата е помалку пријателска, односно се вели дека моќта во политиката примарно се базира на употреба на економска и воена сила која треба да делува корективно. Дефинициите во денешно време се слободна категорија, благодарение на искуството кое секој од нас го добива низ годините. А, историјата сведочи дека многу често моќта била во погрешни раце дадена.

Ретко се случувало истата да не им се удри од глава на најголем дел од политичките владетели. Но од друга страна пак, не смееме да ги заборавиме политичките лидери кои ја сфатиле моќта поинаку и ја употребиле да постигнат големи дела: Мартин Лутер Кинг, Абрахам Линколн, Нелсон Мандела итн. Во денешна терминологија тие би биле политички инфлуенсери кои работеле за доброто на народот.

Но, кои се основните карактеристики на луѓето кои копнеат по моќ?

Екстремна компетитивност, тенденција за доминација, контрола делување за сопствено добро за сметка на другите се карактеристики кои ги добиваат луѓето во оној момент кога ќе им биде дадена моќ и авторитет.

Гладта за моќ ги одвлекува од патот кој некогаш го зацртале, забораваат на себеси и општото добро, не ја гледаат повеќе „големата слика“ туку се гледаат само себе. Бараат начини како да дојдат до поголема моќ. Сметаат дека за нивниот успех во животот, важна е моќта и ништо друго.

Што забораваат луѓето кога се на позиција на моќ? Фактот што се лидери, не им дава карактер, а уште помалку харизма. Ако на луѓето им наметнете одредено однесување без никаква основа, тие ќе послушаат, меѓутоа моќта малку по малку почнува да слабее. Нивната власт добива рок на траење.

Луѓето кои сакаат моќ често да ги повторуваат на зборовите „јас“ и „мое“. Овие лидери често звучат нарцистички. Од нив често можете да слушнете – МЕНЕ ми се допаѓа оваа стратегија, ЈАС мислам дека тој закон не треба да постои, ЈАС сметам дека треба да се промени.

Луѓето гладни за моќ, имаат проблемдоколку не се на лидерска позиција, бидејќи нивното мислење нема да биде слушанто и спроведено. Не им веруваат на лицата „под нив“. Тоа се луѓето кои имаат пониска позција во компанијата од нив, ако станува збор за бизнис или пак доколку е политика во прашање, тоа се луѓето кои се дел од партијата и дел од власта. Знаат да бидат параноични.

Луѓето со моќ и моќните луѓе се две различни работи. По некое непишано правило моќните луѓе треба да бидат тие кои ќе го менуваат светот на подобро. Моќните луѓе во политиката се на врвот на државното уредување, управуваат со државата. Тука некаде настанува проблемот, ако има дадете моќ на луѓе кои што не се подготвени за тоа. Добиваат желба да го демонстораат тоа на останатите по секоја цена. Тие се екстровертни личности, кои својата доминација ја прикажуваат и преку начинот на обараќање. Немаат проблем да зборуваат долги и без поента.

Само за потсетување, луѓето кои поседувале голема моќ низ историјата, а ја смениле многу се: Винстон Черчил, кој беше еден од најмоќните чидери во историјата на Велика Британија. Тој беше на власт за време на Втората Светска Војна.

Нелсон Мандела е првиот претседател на пост-аперхејд периодот на Јужна Африка.
Мартин Лутер Кинг е борец за човекови права и активист во САД. Мајка Тереза е најпознатата жена хуманиарец во 20 век. Бил Гејтс е основачот на Microsoft. Принцезата Дијана – таа беше многу повеќе од сопруга на принцот Чарлс, таа беше борец за човекови права и хумананитарец. Вудроу Вилсон е Претседател на САД за време на Првата светска војна и поддржувач на Лигата на Нациите. Маргарет Тачер, челичната лејди е уште една моќна личност која го одбележа 20 век.
Папата Јован Павле II, еде од најмоќните луѓе во историјата на Ватикан.
Индира Ганди, жена премиер на Индија. Ова е само мал дел од листата на најмоќни луѓе кои го промениле светот во минатиот век.

Тие се само доказ дека со голема моќ, доаѓа голема одговорност. Некои од нив моќта ја искористиле за да го променат текот на историјата во позитивен правец, а други пак, за свои цели.

Групата на која ќе припаднете ја избирате вие, но запамтете дека ако имате моќ и сакате да ја задржите, употребете ја за поголемо добро, за нешто што е навистина важно и кое ќе придонесе за подобрување на секој аспект на животот.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button