ВЕСТИЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Што открија Кинезите на темната страна на Месечината?

Кинескиот ровер „Јута 2“ забележал мистериозен објект на хоризонтот додека крстарел по темната страна на Месечината, каде што истражувал речиси две години.

Имено, кинеската вселенска агенција CNSA објави фотографии од „мистериозен објект“ во облик на коцка, кој го снимил роверот „Јута 2“ од другата страна на кратерот што го истражувал. Тим научници изразиле голем интерес за објектот и решиле да отстапат од рутата за да го проучат. Сега се очекува дека „Јута 2“ следните 2-3 лунарни денови (2-3 земјени месеци) ќе ги помине во проучување и дефинирање на објектот, пренесува порталот „Спејс“.

Advertisements

Иако на социјалните мрежи веднаш почнаа шпекулациите дека мистериозниот објект можеби е од неприродно потекло, факт е дека фотографиите кои беа објавени се прилично матни и направени од голема далечина. Кога ќе се приближи роверот, ќе биде појасно за што се работи.

Засега претпоставките се најверојатно се работи за карпа или заостанат дел од астероид кој удрил во површината на Месечината.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button