ВЕСТИЗДРАВСТВО

Што се слободни радикали и како да се справиме со нив


Секојдневно, во нашето тело се случува вистинска мала војна за зачувување на здравјето и младоста. Слободните радикали кои настануваат како нуспроизвод на метаболизмот го напаѓаат нашиот организам, а во војната против нив најважна улога имаа антиоксидансите.

Слободните радикали во нашиот организам настануваат секојдневно, во процесот на оксидација во кој едно органско соединение на пример храната се претвора во енергија кој нам ни е неопходна за живот. Во процесот на оксидација главна улога има кислородот. Иако без него нема живот, во процесот на оксидација и во големи количини кислородот може да биде токсичен за нашите ткива и органи. Нејсе, кислородот има својство да создава реактивен облик, односно слободни радикали.

Антиоксидансите можат да го намалат создавањето на слободните радикали, а нивната улога е тројна: оневозможуваат создавање на нови слободни радикали, ги неутрализираат веќе настанатите слободни радикали и ја поправаат штетата кои радикалите им ја прават на клетките. Научно докажано е дека антиоксидансите го спречуваат стареењето, го смалуваат нивото на холестерол во крвта, го штитат срцето и крвните садови и штитат од појава на рак.

Во природата постојат многу различни антиоксиданси кои му помагаат на нашиот организам во неутрализација на слободните радикали. Најголемиот дел од антиоксидансите ги внесуваме преку исхраната.

Најважни групи на антиоксиданси се витамините, каротеноидите, флавоноидите и полифенолите. Антиоксидансите се наоѓаат во голем број на намирници како овошјето, зеленчукот, зачините, виното, зелениот и белиот чај, маслиново и кокосово масло, морски плодови… Препорачливо е овошјето и зеленчукот да го јадете свеж или приготвен на пареа, како не би се изгубиле антиоксидансите во нив.

Запомнете, антиоксидансите се неопходни за нормално функционирање на нашиот организам, а недостатокот од нив доведува до појава на разни болести.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button