

Алсат
27.04.2020 11:19
Научниците од Универзитетот во Илиноис направија истражување за тоа кои домашни материјали се најдобри за правење маски и колку тие штитат од вируси.
Во своето истражување, тие споредувале маски направени од 10 материјали за домаќинство, меѓу кои и стара облека или крпи и ги споредувале со вообичаените хируршки маски.
Според резултатите, повеќето материјали од домаќинството помагаат во спречување на вирусна инфекција, односно ги блокираат капките преку кои се пренесуваат вирусите. Дури и кога станува збор за еднослојни маски.
Студијата покажа дека, во лабораториски услови, хируршката маска обезбедува заштита од 96,3 проценти.