МАКЕДОНИЈА

Штом во Врховниот суд има корумпирани судии, можете да замислите што се случува во пониските судови – рече Мицкоски

Јас пред сè сум задоволен што акцијата со која се покажа дека во највисокото судско тело – Врховниот суд имаме корумпирани судии, ја спроведе МВР во техничката влада, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање во однос на тоа дали е задоволен од изречените казни за Наќе Георгиев и Иџет Мемети.

Advertisements

Мицкоски рече дека доколку има корумпирани судии кои се во Врховниот суд, тогаш може само да се замисли што се случува надолу, па и оттаму, според него, доаѓа и таа доверба од два отсто во судството. Тој кажа и дека сè додека овие луѓе не се распуштат, Македонија нема да биде правна држава.

„Во истрагата се потврди дека не бил сам врховниот судија, туку и лицето за коешто исто така постои спогодба со Обвинителството, а тоа е Иџет Мемети како претседател на Советот на јавни обвинители. Јасна е спрегата меѓу судско-обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од ‘Бихаќка’ и од Речица. Сè додека имаме тефтерчиња и сè додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button