ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штрајкот на Државниот испитен центар продолжува, државната матура неизвесна

Државниот испитен центар, (ДИЦ) ќе продолжи да штрајкува, оти немало договор на вчерашната средба во Владата помеѓу Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, соопшти Синдикатот денеска на прес-конференција.

Advertisements

Тие бараат повисоки плати.

Државниот испитен центар се надлежен за спроведување на државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународното тестирање ТИМС. Поради нивниот штрајк испитите се ставени во мирување.

Од Синдикатот наведоа дека се повлекуваат од јавни обраќања и дека одговорите на прашањата ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button