ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штрајкот на наставнциите продолжува

Штрајкот на наставнциите продолжува

Штрајкот во училиштата и градинките ќе продолжи. Советот на СОНК одлуката ја донесе по разгледувањето на заклучоците на Владата со кои се предвидува зголемување на платите за 10 проценти. Според првиот човек на Синдикатот, овие заклучоци не водат кон решавање на разликите туку дополнително го зголемуваат притисокот врз наставниците.

Advertisements

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека ќе се испитаат сите законски можности за продолжување на образовниот процес доколку Синдикатот за образование не се откаже од штрајкот.

„Доколку СОНК одлучи повторно да штрајкува, ние како министерство ќе ги разгледаме сите законски можности за начинот на одржување на наставата. Знам дека и во овој момент, некои наставници кои беа вклучени во штрајкот доброволно се вратија на училиште поради интересот на децата, а не дека се задоволни од тоа што го нуди Владата. Податоци за реалната состојба ќе се соберат во текот на следниот ден, ќе видиме после вторник како ќе постапиме“, изјави Јетон Шаќири- министер за образование и наука.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска повтори дека на штрајкувачите во градинката ќе им се плаќаат само придонесите а не целосната плата.

За разлика од двајцата министри Шаќири и Транчевска, првиот човек на СОНК Јаким Неделков рече дека овие министерства се обврзани да извршат целосна исплата на платата.

Владата синоќа донесе одлука за зголемување на платите во образованието и градинките за 10 отсто и го повика СОНК да ја прифати оваа понуда и да овозможи реализација на наставниот процес, ставајќи ги пред свршен чин.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button