ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денеска

Приватните специјализанти, незадоволни од вчерашната одлука од владината седница, денеска го продолжија штрајкот што го почнаа пред два дена.

Во текот на вчерашниот ден приватните специјализанти најавија дека понатамошните чекори што ќе ги преземат зависат од одлуката која се очекуваше да ја донесе владата на седница.

Синоќа, по завршувањето на владината седница, приватните специјализанти на Фејсбук објавија дека штрајкот ќе продолжи и денеска затоа што, како што велат, ниту едно од нивните барање не е решено и само се употребени истите лажни ветувања кои ги имаат слушнато веќе неколкупати.

„Ниту владата ниту Министерството не побараа мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата и Државната изборна комисија, дали може да се исполни некое од нашите барања , како што и на самата средба беше предложено од наша страна. Што значи дека во моментов нема желба од нивна страна за решавање на нашите проблеми“, се вели во објавата на Фејсбук на Здружение на лекари специјализанти – ЗЛС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button