ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штрајкот на СОНК во мирување, од утре учениците и наставниците се враќаат на настава

Штрајкот во основното и средното образование е привремено прекинат и од утре учениците и наставниците се враќаат на настава. Ова го одлучи Советот на СОНК по добиено известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на спорот врз основа на Законот за мирно решавање на работните спорови. Првиот човек на синдикатот Јаким Неделков рече дека временскиот период за решавање на ова прашање е 20 дена.

Неделков рече дека работните денови во периодот на штрајк нема да им бидат скратени на наставниците, а се надева и на многу други поволности како дел од колективните договори кои се очекува да бидат потпишани во одредена временска рамка.

Министерството за образование и наука ја поздрави одлуката на СОНК и велат дека ќе бидат партнери на синдикатите и дека преку социјален дијалог ќе се унапредуваат работничките права. Штрајкот во градинките, основното и средното образование почна од 11 април

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button