ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Штрајкот во училиштата и градинките ги скара партиите

Илире Даути од Алијанса за Албанците обвини дека лошите состојби во образованието се последица на лошото менаџирање од кадрите на ДУИ кои со години по ред раководат со Министерството за образование.

Advertisements

„Не се обидувајте да избегате од одговорноста, туку кажете зошто ги измамивте наставниците со ветување за 600 евра плата како што направивте со многу други измами, но барем објаснете каде се 600-те евра за наставниците“, вели Илире Даути, АА

Од ДУИ возвратија дека наставниците заслужуваат повисоки плати, но тоа требало да се решава со дијалог, а не со прекин на наставниот процес.

„Мислам дека дијалогот треба да продолжи и да се водиме од интересот на децата, интересот на учениците, интересот на родителите, интересот на образовниот процес од една страна, а од друга страна реалните можности за одржливо и достапно покачување на платите“, изјави Арбер Адеми, ДУИ

Од СДСМ порачаа дека учебната година треба да продолжи, правото на штрајк е загарантирано со Устав, но не смеело да се повредува правото за образование.

СОНК во неделата ја одби понудата на Владата за зголемување на платите за 10%, останувајќи на ставот за зголемување од 18,4%. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button