ВЕСТИРЕГИОН

Шумски пожари во Грција: Гори и на островот Хиос, премиерот предупреди на опасно лето

Пожарникарите се борат да го изгаснат големиот шумски пожар на егејскиот остров Хиос, каде службите за итни случаи издадоа наредби за евакуација, повикувајќи ги луѓето да се упатат кон плажата.

Премиерот Киријакос Мицотакис на денешната седница на владата изјави дека „јуни беше исклучително тежок, со силна суша и невообичаено силен ветер за тој период од годината“.

Тој рече дека летото се предвидува да биде „особено опасно“ поради можните шумски пожари кои лесно избувнуваат во такви услови.

Мицотакис рече дека употребата на дронови за рано предупредување за пожари е особено корисна и дека оваа година има подобра координација меѓу властите и доброволните пожарникари.

„Влегуваме во тежок период и сигурно нема да го поминеме без помош на јавноста, особено во превенцијата“, рече Митотакис.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button