ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шутка затрупана со ѓубре, горат гуми, луѓето дишат чад

Шутка затрупана со ѓубре, горат гуми, луѓето дишат чад

Институциите со години се обвинуваат меѓусебе кој е одговорен за дивата депонија во Шутка, а со текот на времето купиштата смет се претворија во планини. Илјадници хектари земја окупирани од ѓубре и се чини дека овој тренд на фрлање на секаков вид смет, градежен шут, гуми, пластични кеси и сè останато, никако да запре. Само додека Алсат беше на терен поминаа неколку камиони полни со ѓубре и ги истоварија токму на оваа место.

Advertisements

На само 5 километри на периферијата на главниот град се случува еколошка катастрофа пред која институциите затвораат очи. Проблемот требаше да го решат одамна, кога имаше помалку отпад. Сега овде во Штука, во Визбегово, се создадоа планини од смет. Екологијата нема потреба од зборови, екологијата нема потреба од ветувања. Екологијата бара работа на терен за да се реши овој проблем еднаш засекогаш и природата повторно да дише.

Отпадот е во близина на куќите, а на оние површини кои не се целосно покриени со гуми и градежен отпад, природата наоѓа сила да се врати.

Министерството за животна средина деновиве ги потпиша документите кои го отвораат патот за големи проекти, но нивната реализација ќе трае со години. Министерката Каја Шукова вели дека работи со документацијата за проектите кои ги предвидуваат неопходните фази за управување со отпадот, како што се изградба на претоварни станици и регионални депонии.

Дотогаш, жителите на овој крај на Скопје нема да имаат чист воздух, ниту во зима, а уште помалку на лето кога депонијата често гори. Лошата миризба од запалените гуми може да се почувствува на неколку километри од депонијата. Пред една година бевме на истата локација, кога еден работник нè предупреди дека депонијата секој ден сè повеќе се шири. Алсат за овој проблем известуваше и во 2019 година. Тогашниот градоначалник на општина Бутел, Велимир Смилевски изјави дека депонијата е на територијата на Шуто Оризари и оти тие треба да си го решат проблемот. Од Шуто Оризари ни одговорија дека немаат пари да ја исчистат и да спречат ново трупање смет на оваа локација./Alsat.mk

Еви Шкопи

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button