ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Шуто Оризари ќе се отвори првиот Ресурсен центар за повратници и маргинализирани групи

Шуто Оризари ќе се отвори првиот Ресурсен центар за повратници и маргинализирани групи

Ромите повеќе нема да бидат дискриминирани чекајќи на шалтерите во други општини, бидејќи во општинската зграда на Шуто Оризари ќе се отвори првиот Ресурсен центар за повратници и маргинализирани групи. Како што рече градоначалникот Курто Дудуш, центарот треба да овозможи поголема поддршка и инклузија на ранливите заедници во општините.

Advertisements

Како што рече градоначалникот Курто Дудуш, центарот треба да овозможи поголема поддршка и инклузија на ранливите заедници во општините.

Претставници на развојната програма на УНДП и претставници на делегацијата на Европската Унија рекоа дека ова е прв центар во земјава за маргинализирани групи и за поефикасна реинтеграција на повратниците, а сличен центар се очекува да биде отворен и во Штип.

„Овој центар ќе има и ќе нуди многу услуги за ромските заедници, почнувајќи од правни услуги, услуги за вработување, здравствена заштита и други интегрирани услуги, а ние секојдневно ќе помагаме во нивното градење“, рече Ана Чернишова – Заменик постојан претставник на УНДП во Република С. Македонија.
Новиот центар во Шуто Оризари ќе опслужува околу 1.000 маргинализирани лица, меѓу кои и околу 100 лица кои се уште немаат државјанство додека живеат во оваа општина./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button