РАКОМЕТСПОРТ

Шведска бара поништување на полуфиналниот натпревар со Франција

Шведска вложи жалба до ЕХФ и бара поништување на полуфиналниот натпревар со Франција. Франција ја победи Шведска во полуфиналето со 34:30, откако на неверојатен начин избори продолженија. По истекот на времето, Пранди погоди на нестварен начин од 10 метри.

Advertisements

Натпреварто го судеа македонските судии Начевски и Николов, а ракометниот свет коментира дека направиле груб превид кога го признале голот на Пранди.

На снимката јасно гледа дека францускиот ракометар ја подигна ногата при изведувањето при шутот, што е спротивно на ракометните правила./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button