СВЕТ

(ВИДЕО) Шведска – Голем пожар во воден парк во Гетеборг

Силен пожар избувна денеска во забавен парк во западниот шведски град Гетеборг, пренесува Ројтерс.
Нема извештаи за повредени, но причинета е материјална штета. Како што пренесува агенцијата, над градот се издигнува густ црн чад, а полицијата ги советувала оние што живеат во областа да останат во затворени простории и да ги држат прозорците затворени за да се заштитат од гасовите.

Како што изјавил портпаролот на паркот, во моментот на избувнивање на пожарот немало гости во водениот парк, кој требало да биде отворен подоцна оваа година.

Како што се вели во соопштението од раководителите, пожарот започнал на едно од забавните возила,  надвор од зградата, а потоа се проширил на целата зграда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button