СПОРТ

Швјонтек убедлива на лидерската позиција, далеку пред првата ривалка

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек со успесите на последните турнири го задржа првото место на ВТА-листата и е убедлива на лидерската позиција.

Полската тенисерка има 11.695 поени и е далеку пред првата ривалка Арина Сабаленка која е на второто место со 3.557 поени помалку. Третото место ѝ припаѓа на Коко Гоф од САД со 7.638 бодови.

Четврта е Јелена Рибакина, а единствената промена меѓу најдобрите десет тенисерки ја има Американката Дејниел Колинс која скокна од дванаесеттото место на десеттото место.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад на најновот ВТА-рангирање, затоа што во моментов се наоѓа на 230. место, што е пониско за 19 позиции од последното рангирање.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button