ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Да си бидеме поддршка и да си помагаме без разлика на етничката припадност

Државните челници и претставници на политички субјекти во земјава упатија честитки по повод празникот Курбан Бајрам. Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, меѓу другото, истакна дека овој празник ја нагласува донацијата и солидарноста, инспирирајќи за хуманитарни дела.

„Да донираме и помагаме, да бидеме поддршка еден на друг, заедно и во добро и во лошо, без разлика на вера, етничка припадност, пол или каква било припадност и да работиме за просперитет на нашата татковина и благосостојба на сите граѓани“, вели Давкова.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека Курбан Бајрам е еден од најзначајните празници што говори за подготвеноста на човекот да ги жртвува своите најсакани, за ветување и доживотна вредност.

„Посакувам овој празник да ве најде покрај семејните трпези, да честитате и да ги гушкате вашите најблиски, да се грижите за сиромашните и да се солидаризирате со оние имаат потреба не само за леб, туку и за насмевка“, рече Гаши.

Здравје, дарежливост и солидарност посака и техничкиот премиер Талат Џафери.

„Покрај молитвите, сите заедно да го направиме она што можеме за да обезбедиме мир, благосостојба и безбедни животи за оние кои моментално се погодени од војна, болести и природни катастрофи“, рече Џафери.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер Христијан Мицкоски напиша дека овој празник е потсетување на човековото постоење и големото значење на меѓусебната доверба, разбирање и толеранција како суштински услови за соживот и мир.

„Ве повикувам сите заедно да започнеме, заедно надминувајќи ги сите проблеми, да ја градиме Македонија врз европските вредности и принципи. Дојде време заедно да изградиме поцврсти основи за подобар стандарден живот на секој граѓанин без разлика на етничката или верската припадност, основите за развој и просперитет на нашата земја“, рече Мицкоски.

Пораки за мир, солидарност, толеранција и економска благосостојба упатија сите шефови на политичките партии во земјава, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Али Ахмети од ДУИ, првиот човек на Алтернатива, Беким Сали и други.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button