ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Потребно е преиспитување на Законот за управување со кризи

Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав одлуката за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во гасењето на пожарите. Ова денеска го рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гасењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево, посочувајќи дека кога ќе престанат пожарите, потребно е веднаш да се разгледа Законот за управување со кризи и да се преиспита организацијата внатре.

Advertisements

„Верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко, тие се наожале на вистинскот место. Се зголемува бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто сонцето на нашето знаме. Не е само нашата република во пламен, сиот Балкан е во пламен“, рече таа.

Уверена е во способноста на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и пожарникарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button