ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова потврди дека еден од кандидатите кои се споменуваат во јавноста ќе биде нејзин предлог за иден гувернер

Предлог-кандидатот за гувернер на Народната банка, кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе го достави до Собранието, ќе биде еден од кандидатите кои деновиве се споменуваат во јавноста.

Ова го потврди претседателката во изјава за медиумите по денешниот Форум за културна дипломатија што се одржа во нејзиниот кабинет. Меѓу најсериозните кандидати за гувернерската функција се споменуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска и двајцата ексминистри за финансии Трајко Славески и Зоран Ставрески.

Advertisements

Претседателката повтори дека одлучила кој ќе биде предлогот за иден гувернер, но оти јавноста ќе го дознае неговото име откако предлогот и официјално ќе биде испратен до законодавниот дом.

„Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија“, рече Сиљановска-Давкова во изјава за новинарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button