ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Преку разговори со Грција да ги надминеме проблемите

Новата претседателка Гордана Сиљaновска Давкова, преку разговори ќе ги убедува Грците, дека е во право кога го користи името Македонија, наместо новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Таа од Охрид рече дека има план.

Advertisements

„Се разбира дека имам план. Планот е градење на добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање почит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взамено да ги надминеме проблемите“, вели Давкова.

Атина дури не исклучува можност за постапка пред меѓународниот суд во Хаг поради Преспанскиот договор.

„Истиот тој меѓународен суд, каде ние бевме со Грција, пресуди во однос на членот 11 од привремената спогодба. Тоа е исто меѓународен договор. Не верувам дека веднаш ќе се оди на суд. Има градација во Преспанскиот договор. Прво се укажува, се разговара, се адресира прашањето до ОН и потоа се оди на суд. Пресудите на судот треба да важат ерга омнес, но тоа се случи во нашиот случај“, вели Давкова.

Вие ќе продолжите и покрај меѓународниот притисок да го употребувате името Македонија?

„Јас реков дека го почитувам Преспанскиот договор, го почитувам меѓународното право за разлика од други. Зборувам  за лична определба, тоа е право кое е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“, нагласува Давкова.

Свечената заклетва кога го употреби името Македонија, предизивка остри реакции во меѓународната јавност, а најмногу во соседна Грција.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button