СПОРТФУДБАЛ

Силекс се засили со играч на Шкупи

Екипата на Силекс го претстави своето прво засилување за следната сезона. Во Кратово се враќа добро познато име, откако челниците на клубот договорија нова соработка со офанзивецот Дарко Додев.

Крилниот напаѓач во Силекс преминува од редовите на Шкупи, каде ги мина последните шест месеци од кариерата. Претходно настапуваше за Влазнија од Албанија.

Во Македонија крилниот фудбалер имаше солидни партии. Кариерата на Додев тргна во Металург, па потоа се пресели во Силекс, а играше и за Тиквеш. Блесокот во ПМФЛ овој фудбалер го имаше играјќи за кратовчани и потоа за Брегалница, од каде Додев се пресели во Албанија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button