СПОРТФУДБАЛ

Силекс закажа пет контролни средби во Анталија

Eсенскиот првак Силекс подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги одработи во Анталија, Турција во периодот од 22 јануари до 5 февруари.

Advertisements

Тимот кој што во есенскиот дел од шампионатот беше најпријатно изненадување во Турција ќе одигра и пет контролни натпревари. Клубот информира дека место на одигрување на контролните натпревари ќе биде објавено наскоро.

Кратовчани првиот натпревар го играат на 24 јануари против Нефтчи, потоа за противник ќе го имаат тимот на Пахтакор. Трет ривал ќе им биде Ружомберок, па АСК Воитсберг и на крај, на четврти февруари, Железничар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button