СВЕТ
(ВИДЕО) Силен земјотрес почувствуван во Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтер утринава во 7 часот ја погоди Турција, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни ситуации. Епицентарот бил на околу 20 километри од градот Елазиг. Сѐ уште нема информации за евентуални штети.