СВЕТ

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди Тонга, опасност од цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди островската држава Тонга, во Океанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), а американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека постои опасност од цунами.

Advertisements

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC, пренесе Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на 139 километри од Нукуалофа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button