ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име

Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, соопштија денеска од претседателскиот Кабинет. Во соопштението се додава дека согласно Уставот, претседателката ја потпишала свечената заклетва со користење на уставното име, односно онака како што текстот бил подготвен од собраниските служби. Сепак, веројатно Сиљановска Давкова ќе прави исклучок при употребата на уставното име во јавните настапи.

Advertisements

„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име“, наведуваат од Кабинетот на претседателката.

Реакцијата од Кабинетот следува откако претходно грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, на фејсбук напиша дека со својата постапка Сиљановска Давкова ја поткопува европската иднина на својата земја.

„Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорите. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава и, секако, од избегнување предизвици“, реагираше Мицотакис.

И бугарскиот државен врв порача дека европерспективата на земјава зависи од исполнувањето на меѓународните договори. Дополнително, бугарскиот претседател Румен Радев, но и премиерот Димитар Главчев, официјално порачаа дека се против промена на усвоената преговарачката рамка меѓу Македонија и Европската Унија, за што се залагаше ВМРО-ДПМНЕ.

„Убеден сум дека европската перспектива на РСМ зависи од стриктната имплементација на меѓународните договори, во кои таа е една од страните, како и преговарачката рамка усвоена од Европскиот Совет во јули 2022 година, која пак за информација до надлежните институции во РСМ, нема да биде ревидирана“, рече Радев.

Од МНР пак, во текот на денот повикаа на внимателност од страна на сите политички чинители, бидејќи, како што соопштија, задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button