Силјановска: Не го потпишав законот поради членовите 9 и 10

Членовите 9 и 10 од Законот за заштита на децата не се во согласност со уставот и законот за јазици, затоа не ги потпишав. Вака претседателката Силјановска Давкова го образложи враќањето на законот, кој меѓу другото предвидуваше лиценците за вработените да бидат на два јазика, односно на македонски и албански или како што е нагласено во предложениот закон, јазикот што го зборуваат најмалку 20% од населението. Силјановска вели дека на нејзината одлука не влијаела политиката ниту пак сакала да навреди некој јазик. Лиценците, сепак, ќе бидат достапни и на албански јазик, уверува таа.
Владата, откако го повлече, нагласи дека ќе го доработги и ќе го врати назад во Собранието.
Согласно процедурата, Собранието има можност да ги спроведе сугестиите и забелешките на претседателот, но тоа не е задолжително. По враќањето на законот од страна на Претседателството, тој треба да биде разгледан во рок од 30 дена од денот на одобрувањето. За време на повторното разгледување, пратениците можат да поднесуваат амандмани само за оние прашања за кои претседателот дал забелешки и предлози. Доколку Собранието по второто разгледување го изгласа со 61 глас, претседателот е должен да го потпише указот за негово прогласување.
Зекирија Хаџиу