Силјановска нема да го свика Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска повтори дека во моментов нема во план да го свика Советот за безбедност во врска со наводите за постоење индиции за дестабилизација на државата.
„Индиции се едно, а закани за дестабилизација се друго, но реалноста е поинаква. Реков дека нема да го свикам Советот зашто мислам дека во ова време-невреме кога треба да се справуваме со пожарите како стихија, ние се соочуваме и со други закани под наводници. Не гледам дека тие закани се реалност во моментов“, изјави Сиљановска Давкова
Сепак, претседателката ја остави отворена можноста да свика седница на Советот за безбедност, но тоа, како што рече, може да се случи по неговото доекипирање. Темите на седницата, дополни Сиљановска-Давкова, ќе бидат она за што денес се расправа глобално и во Европа, а тоа е каде оди и што се случува во светот.