Силјановска со указ го именуваше генералот Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот иако не ги исполнува условите
Силјановска со указ го именуваше генералот Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот иако не ги исполнува условите

Ден пред одбележување на Денот на армијата на Македонија, претседателката Гордана Силјановска со указ го назначи началникот на Генералштабот, генерал Сашко Лафчиски, кој не ги исполнува потребните услови за да биде на оваа функција, односно е четири степени под бараните стандарди за началник. Во одговорот што професионалните војници анонимно го испратија до телевизијата Алсат, се нагласува дека тоа е направено за да се заобиколи генерал Бесник Емини.
„По повод 18 август, денот на Армијата на Република Северна Македонија, наместо за началник на Генералштабот да биде назначен човекот кој ги исполнува условите според протоколот, хиерархијата и концептот на армијата, само затоа што е Албанец, е назначен македонскиот генерал Лафчиски (поранешен припадник на предвоените структури во 2001 година) кој до вчера беше под команда на Бесник Емини“, се вели во Реакција на војниците.
Едни од главните услови кои Лафчиски не ги исполнува се возраста и стажот. Началникот на Генералштабот се бара да има најмалку 6 месеци стаж како командант на Оперативната команда, додека законската регулатива обврзува да раководи со Генералштабот само под услов да бил на чело на Оперативната команда најмалку 6. месеци.
Друга ваква одлука на Претседателкката, која сега е предмет на Антикорупциска, е и при именувањето на заменик-директор на Агенцијата за разузнавање, кога именуваше лице кое не ги исполнува условите за искуство во безбедносната област./Алсат.мк