ВЕСТИ

Силјановска стави вето- спорни се двојазичните лиценци во градинките

Силјановска стави вето- спорни се двојазичните лиценци во градинките

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, не го потпиша указот на Законот за заштита на децата, поради одредбите кои се однесуваат на воведување на двојазични лиценци. Во своето образложение, Давковка наведува дека овие одредби се спорни и треба да се толкуваат низ призмата на амандманот 5 од Уставот и сегашната регулатива за употреба на јазиците.

Advertisements

„Ве потсетувам дека употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо се веќе регулирани со закон. Верувам дека Собранието, како носител на законодавната власт, ќе ги земе предвид моите забелешки и сугестии при разгледувањето на одредбите и ќе создаде јасни, правилни решенија во согласност со Уставот“, се вели во Одлуката на Претседателката.

Во одлуката Силјановска се осврнува на разгледувањето на оспорените делови од член 9 и 10 од законот, во кои се наведува дека лиценците за работа се издаваат на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на земјата, како и на ставот што се однесува на полагање на првиот дел од испитот во писмена форма на македонски јазик и на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните.

По одлуката на Силјановска , СДСМ ја повика Владата целосно да се откаже од измените на Законот, кои според нив не се уставни и се донесени спротивно на Деловникот на Собранието. ДУИ, пак, оваа одлука ја нарече отворен напад врз албанскиот јазик и обид за поткопување на правата на Албанците во земјата. Ова, според интегративците, не е изолирана акција, туку јасно координирана стратегија. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button