ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Силјановска започнува консултации за нов состав на Комисијата за помилување

Силјановска започнува консултации за нов состав на Комисијата за помилување

Алсат дознава дека од утре почнуваат консултациите за формирање на новата Комисија за помилување во рамките на Претседателството, откако во саботата актуелниот состав колективно си поднесе оставка по острите реакции во јавноста за помилувањето. На списокот од 10 лица помилувани од претседателот се најдоа неколку лица со криминално досие. Консултациите, како што претходно најавија од Кабинетот на Претседателстката, ќе бидат и во насока на решавање на институционалните и правните слабости за помилување на осудените лица.

Advertisements

Од Кабинетот на претседателката и денеска не одговорија кога ќе заврши овој процес.

Сега веќе во оставка членот на Комисијата, Гордан Калајџиев, реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја поздрави оставката на комисијата, притоа потенцирајќи дека кој работи и греши и дека е важно што Комисијата ја прифати грешката.

„Комисијата не призна грешка како што посочува Мицкоски, туку дека се придржува до принципи!!!„, рече Гордан Калајџиев, поранешен член на Комисијата за помилување.

Мицкоски денеска одби дополнително да ја коментира изјавата на Калајџиев.

Од СДСМ вчера порачаа дека претседателката Силјановска треба да одговара за скандалозните помилувања, исто како што во февруари годинава одговорност понесе унгарска претседателка Каталин Новак, по скандалот за помилување на лице поврзан со злоупотреби на деца. Имиња кои предизвикаа реакции во јавноста беа Шенол Маслани, кој пред пет години беше уапсен за дрога, напад на полицаец и оружје, но и Акиф Равмановски од Арачиново, член на криминалната група „Барон“. , тој е осуден за носење оружје без дозвола. Но Равмановски само 1 ден уживаше во помилувањето. Полицијата веднаш по помилувањето го приведе во врска со инцидентот на 14 октомври пред општина Чаир. Според полицијата, тој бил пиштолџијата што пукал во 35-годишен маж. Полицијата поднесе кривична пријава за убиство во обид. Но, и покрај оставката на комисијата и острите реакции, помилувањето на претседателот не може да се повлече , бидејќи според експертите тоа би значело нарушување на правната сигурност и може да отвори случај пред Судот во Стразбур./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button