РЕГИОН

Силна бура од Јадранот ја поплави цела Албанија

Силна бура од Јадранот ја поплави цела Албанија

Есента пристигна неколку дена порано во Албанија со обилни дождови. Викендов започна лошо за северот причинувајќи големи материјални штети. Поплавени се куќи, блокирани се патишта и урнати неколку мостови, но нема информации за повредени или загинати.

Во Тропоја вакви врнежи не се паметат во последните 20 години. Постои опасност од големи одрони на главните патишта. Од Цивилната одбрана соопштија дека целиот регион е зафатен од дожд. Најтешка е состојбата во селото Фуше Лум, каде 7 семејства останаа заробени, а 25 семејства се евакуирани од домовите.

Екипите за итна помош се на терен за да обезбедат храна и облека бидејќи струјата е исклучена во поради оштетувања на мрежата.

Во централниот дел од Албанија силниот ветер собори дрвја и ги поплави каналите за атмосферски води и има отежнато движење на возилата.

Проблеми има и на патниот правец Либражд-Елбасан каде има одрони на коловозот. И градовите Лушња и Фиер се зафатени од лошото време со интензивни поројни врнежи поради што се поплавени речиси сите улици. Дел од патните правци се целосно блокирани.

Во крајбрежните региони на Драч, Валона и Саранда закотвени се скоро сите рибарски бродови поради јачината на морските бранови и ветер. Локалните медиуми јавуваат за штети на патната инфраструктура и земјоделските посеви. Во Валона имаше и сообраќајни несреќи.

Бурата дојде од Италија преку Јадранското Море, откако претходно на Апенинскиот Полуостров предизвика жртви и голема материјална штета.

И нашава земја во текот на денот беше под влијание на оваа влажна маса, но не донесе поголеми проблеми, освен поголеми количества дожд во западните делови. Според прогнозите, времето од утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи наутро, но потоа ќе се разведри. Температурите ќе бидат во опаѓање и преку денот ќе се движат од 18 до 26 степени./Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button