ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Силна експлозија и урнати згради на Сицијлија, има и жртви

Пожарникарите велат дека експлозијата е предизвикана од „многу значајно“ истекување на метан под земјата

Најмалку две лица загинаа откако истекување на метан предизвика експлозија која урна неколку згради на Сицилија, соопшти утрово италијанската служба за итни случаи.

Advertisements

Две тела се извлечени од урнатините, две жени се спасени, а седум лица се водат како исчезнати, соопшти  Сицилијанската цивилна заштита (DRPC Sicily).

Според новинската агенција АНСА, три згради се урнале, а уште три се оштетени.

АНСА ги цитираше пожарникарите дека истекувањето на гас е „многу значајно“ и почнало под земја.

„Експлозијата можеби е предизвикана од активирањето на лифтот“, изјави за агенцијата Џузепе Мерендино од противпожарната бригада на Агриџенто.

„Ќе истражуваме дополнително во наредните денови, но сигурно е дека ваквата експлозија е исклучителен настан“, објасни тој.

Првата жена била спасена од зградата „најверојатно до погодените од несреќата“.

Таа се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница каде и биле констатирани „скршеници“, соопшти итната помош.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button