СВЕТ
Силно невреме во Германија – поплави и бури, во прекин патниот и железничкиот сообраќај
Еден пожарникар го загуби животот во поплави предизвикани од невреме во западниот дел на Германија, додека припадниците на армијата им помагаат на жителите во областа.

Метеоролошката служба издаде предупредување за екстремни временски услови за делови од три области на западот на земјата, додека Хаген, град со 180.000 жители, прогласи вонредна состојба по излевањето на реката Волма.
Градскиот кризен штаб предупреди дека водата ќе го достигне нивото што беше само четири пати во последните 100 години во следните неколку часа и ги предупреди сите што живеат во близина на реките на градот веднаш да се преселат во повисоките делови, објави телевизијата ВДР.
– Обично ја гледаме оваа ситуација само во зима – изјави за ВДР Бернд Мехлиг, службеник за животна средина од Северна Рајна-Вестфалија, кој е најзагрозениот регион.