СПОРТФУДБАЛ

Силва две недели во „аут“, Гвардиола ја прифаќаме ситуацијата

Португалецот Бернардо Силва, е последен во низата фудбалери на Манчестер Сити кои се здобија со повреда и нема да биде во составот следните две недели. Тој е петти играч кој се повредува сезонава, а пред него во „болницата“ се придружија Кевин Де Брујне, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш.

„Голема среќа е што не се работи за многу сериозна повреда. Офанзивната линија ни е значително ослабена поради отсуствата, но мораме да бидеме силни и во вакви моменти. Играчите имаат многу натпревари во распоредот, физичкиот напор е огромен и ваквите повреди не треба да нѐ зачудуваат.

Одамна се зборува за густиот распоред, но ја прифаќаме ситуацијата каква што е. Ако има помалку мечеви, ќе има и помалку повреди. Имавме напоред период, се надевам дека Бернардо многу бргу ќе се приклучи на тимот и ќе започне со тренинзите“, изјави менаџерот Пеп Гвардиола.

 

Манчестер Сити на одличен начин ја започна новата сезона во Премиер лигата и повторно е лидер на табелата. „Граѓаните“ имаат максимални 15 бодови по пет одиграни кола, па останува да видиме дали повредите кои се случија ќе влијаат на резултатите на тимот во следните недели. Актуелниот европски шампион е фаворит за одбрана на титулата во Англија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button