СПОРТФУДБАЛ

Диего Симеоне: Двомечот со Интер ќе биде многу тежок

Атлетико Мадрид ќе се соочи со Интер во осминафиналето од Лигата на шампионите, а овој двомеч дава и дополнителен сјај, затоа што тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, после подолго време ќе се врати на „Џузепе Меаца“ и сигурно ќе биде поздравен со овации од домашните навивачи.

Популарниот „Чоло“ изјави дека Интер за него секогаш претставувал симбол на љубов и почит и очекува неизвесна и голема битка за пласман помеѓу осумте најдобри во елитното натпреварување.

„Двомечот со Интер ќе биде многу тежок. Тие се во неверојатна форма и многу ми се допаѓа нивниот стил на игра. Минатата сезона стигнаа до последната пречка и тоа за нив ќе биде дополнителна мотивација. Ќе биде прекрасно во Милано, од тој прекрасен град имам само топли спомени. Интер беше убава етапа во мојата кариера и јас секогаш со љубов и почит гледам на овој клуб. Ќе има многу емоции“, рече Симеоне.

Интер е во застрашувачка форма периодов и успеа да слави на последните осум натпревари, додека Атлетико игра променливо, но секогаш е непријатен ривал за сите противници и се очекува голема борба за пласман во следната фаза од Лигата на Шампионите. Првиот натпревар е закажан за 20 февруари, со почеток во 21:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button