ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Симевски: Нема ново одложување на пописот

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски вели дека не е планирано ново одложување на пописот во септември и оти тој ќе се спроведе во предвидениот период. Се разбира, нагласува тој, ќе се следи епидеиолошката ситуација, а пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита. Дополнително, додава Симевски, попишувачите ќе бидат вакцинирани во август пред почетокот на пописот.

Advertisements

-Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки. Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни. Во септември времето е се уште убаво па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено. Очекуваме дека и поголем дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани. Од Министерството за здравство сме информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бидат вакцинирани, изјави Симевски во Утрински Брифинг.

Прашан дали се реални очекувањата пописот да регистрира не повеќе од 1,6 милиони жители во државата, директорот на ДЗС рече дека стравува оти би можеле да се остварат и дека загрижува тоа што голем број луѓе се отселуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button