ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Симовски ги отфрла тврдењата на ВМРО

Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека дијаспората нема да биде регистрирана, туку ќе се евидентира, директорот на Државниот завод за статистика, ги сметаа за дневно политички изјави. Директорот Апостол Симоски, вели дека со законот и методологијата се  појаснува дека се регистрираат граѓаните кои живеат во странство. Тој дури посочува дека во статистика воопшто не постои зборот евидентирање.

Advertisements

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христојан Мицковски останува на својата позиција дека нема да прифати попис на граѓани кои ја напуштиле земјата повеќе од една година. Се повикува на методологијата на „Евростат“, но не и на Законот и методологијата за попис во нашата земја, методологија исто така одобрена од „Евростат“.

Законот за попис за 2021 година и методологијата јасно објаснуваат дека се регистрира нерезидентното население. Членот 6 од законот јасно вели: дека Пописот ќе вклучува:

„Лица – државјани на Република Северна Македонија кои имаат престој или живеалиште во Република Северна Македонија, без оглед дали за време на пописот се во Република Северна Македонија или во странство“

Додека во став 5 од Методологијата за попис, јасно се потенцираат три категории кои се вклучени во пописот во 2021 година.

  1. Целосното резидентно население.
  2. Нецелосното резидентно население
  3. Целосното регистрирано население, кое ќе биде категорија што ќе ги вклучува на едно место сите регистрирани граѓани, без оглед дали се жители или Дијаспора.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button