ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Симовски кажа кога ќе бидат објавени резултатите од пописот

Пописот 2021 успешно се заврши и покрај сите неповолности. Сега треба да ги обработиме податоците и крајот на март, почетокот на април идната година да излеземе со конечните податоци од пописот, што е полесниот дел од работата, бидејќи зависи само од нас, без надворешни фактори, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Клучната работа, според Симовски е дека покрај сите неповолности како што е пандемијата, одложувањето поради политички причини, летните одмори, отворената кампања за бојкот, како и техничките проблеми со апликацијата и тоа што бевме постојана цел на хакерски напади, пописот е успешно спроведен.

Симовски, уште еднаш изрази уверување, дека нема да остане ниту еден човек што нема да биде дел од конечните податоци од пописот, нагласувајќи дека нивна цел била сите да бидат опфатени со теренскиот дел, што ќе се знае откако ќе се заврши со прочистување на базата.

– Нашата обврска како институција е сите субјекти во државата да добијат навремена, квалитетна и точна информација, врз основа на кои што ќе креираат квалитетни политики, на развој, образование, економија и итн, изјави Симовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button