ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Симовски се надева дека после 20 години без попис во државата ќе има доволно разум

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски се надева дека после 20 години без попис во државата ќе има доволно разум кај нашите граѓани, да сфатат дека ни е неопходна оваа акција и дека немањето пописни податоци од 2011 година нѐ чини страшно многу и како држава и како граѓани.

Advertisements

За негативната кампања за пописот на социјалните мрежи, Симовски во интервју за „360 степени“, вели дека тоа е нешто што навистина не може да го разбере и дека тоа се луѓе кои очигледно не ѝ сакаат добро на сопствената држава и на сопствените граѓани.

Пописот е статистичка операција во интерес на сите граѓани и не се прави ниту за Владата, ниту за некоја политичка партија, вели Симовски, нагласувајќи дека ќе ги направат сите напори да го завршат пописот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button