Синдикалците бараат поголемо покачување на платите во март
Синдикалците бараат поголемо покачување на платите во март

Од Конфедерацијата на независни синдикати велат дека не се согласуваат да има ново зголемување на платите на функционерите, кое би било поголемо од она на работниците.
Синдикалците не се задоволни од покачувањето на платите кое се очекува да се случи во март, врз основа на покачување на минималната плата. Итно бараат покачување од 30 отсто за сите вработени.
Боби Бојчевски, Национален координатор за здравство
„400 евра е многу мала плата за издржување семејство, во овој случај нашите раководители зголемуваат плати плус 400, некаде и 2000 евра, ова не е во ред. Ние не бараме 400 евра покачување на платите, бараме зголемување за 40 евра, но не ни даваат ни покачување. Ова е голем срам за сите оние кои не водат”, рече Насер Џемаили, Самостоен синдикат на УПРАВА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИТЕ КНИГИ.
Синдикалците велат дека ситуацијата е критична, по внатрешна координација ќе најават евентуални протести во март, но не ја исклучуваат можноста да се протестира и за време на предизборната кампања./Алсат.мк
Ајнур Бафќари