Синдикалците пред Сoбрание, пратениците на продолжен одмор за 1ви Мај
Синдикалците пред Сoбрание, пратениците на продолжен одмор за 1ви Мај

Тивка атмосфера пред Собранието, во исчекување на демонстрантите. Денес во Собранието беа присутни само полициски сили, додека внатре немаше никој да ги сослуша барањата на демонстрантите.
Иако Собранието треба да биде достапно 24 часа на ден за граѓаните, но и за демонстрантите кои дојдоа тука денес, пред Собранието за да ги презентираат своите барања, но и потребите за работничките права, денес ништо не функционираше во Собранието. Единствените присутни полицајци се оние што можете да ги видите зад мене, наредени еден по еден, поставувајќи метални барикади за да ги спречат граѓаните и демонстрантите да влезат во внатрешноста на Собранието.
Отсуството на пратениците го почувствуваа дури и самите демонстранти.
Од Собранието, единствените пратеници што ги видовме рамо до рамо со демонстрантите беа оние од Левица.
Иако никој не ги поздрави пред Собранието освен полицијата, демонстрантите ги презентираа своите барања во врска со работничките права и си заминаа. Сепак, пратениците и Собранието, исто како и денес, утре ќе го имаат 1 мај како празник бидејќи ја продолжија паузата за четири дена, од денес до недела. Тие ќе продолжат со работа во понеделник. /Alsat.mk