ЕКОНОМИЈА
Синдикатите бараат намалување на платите на функционерите

Сојузот на синдикати на Македонија до Собранието достави предлог за намалување на платите на функционерите за 78 отсто. Бараат итни измени во членот 11 од Законот за плати. „Предлагаме зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор и на функционерите да се заснова на еднакви принципи без дискриминација, согласно општиот колективен договор за јавниот сектор, а правилата за работниците да бидат исти како и за службениците. Синдикатите посочуваат дека е нелогично избрани и именувани функционери да земаат толку високи плати, особено во време кога работниците, граѓаните и пензионерите се соочуваат со немаштија поради поскапувањата и здравствената криза.