ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикатите бараат повисоки плати за 78% за да престане хаосот во јавниот сектор

Синдикатите бараат повисоки плати за 78% за да престане хаосот во јавниот сектор

Во јавниот сектор има 200 различни форми на пресметка на платите, со различни закони, подзаконски акти или внатрешни прописи. Синдикатот на Управата, УПОЗ, бара да му се стави крај на овој хаосот. Но, крајот не се гледа бидејќи надлежните не можат да се договорат за новата методологија за пресметка на платите. Синдикалците инсистираат да се користи истата практика како за функционерите кои добија зголемување за дури 78% затоа што голем дел од вработените во администрацијата со актуелните плати не успеваат да ги платат ни основните трошоци во семејствата.

Advertisements

Но, за што всушност не се согласуваат синдикалците и властите? Министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, велат дека го дале истиот предлог како и пред 4 месеци, но да се спроведе порано, а не во март 2024 година, туку од септември годинава. Во меѓувреме, барањето на УПОЗ на последната седница на социо-економскиот совет беше предложено да почне да се спроведува во 2028 година.

Според податоците на Министерството за администрација и информатичко општество, во последните 3 години над 3.500 вработени во јавниот сектор си дале отказ и заминале или во приватниот сектор или во странство. Ниските плати биле главна причина за заминувањето. Од друга страна, надлежните велат дека јавниот сектор, особено државната администрација е пренатрупана со вработени кои не се продуктивни. Со евентуалното зголемување на платите, еден од чекорите се очекува да биде нивна повторна систематизација.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button