ЕКОНОМИЈА

Синдикатите и премиерот согласни дека треба зголемување на минималната плата

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и тој е за раст на минималната плата на 500 евра дури вели и декане е против ниту за 2000 евра, но за тоа треба да постигнат договор работодавачите со работниците. Во неколку наврати премиерот рече дека државата нема планирано пари во буџетот за плаќање на придонесите за поголема минимална плата и дека тоа е должност на газдите.

Advertisements

„И јас како граѓанин барам раст на платите и граѓаните и работниците заслужуваат раст на платите, што се однесува до одлуката на минималната плата очекуваме да работодавачите и работниоците постигнат договор и секој оној договор кој што тие ќе го постигнат, ние како влада ќе го подржиме. Еве јас велам ни 500 не се доволно можеби треба илјада можеби треба 2000 јас апсолутно сум работник како и сите други работиници и сакам да имаме сите ние поголеми плати“, рече Мицкоски.

Од синдикатот Гласен текстилец велат дека за прв пат се согласуваат со премиерот, дека треба и граѓаните да земаат плата како и функционерите, бидејќи функционерите биле платени од страна на граѓаните. Велат дека чуствуваат притисок од властите.

„Прв пат се согласуваме со премиерот дека треба и граѓаните да земаат плата како и функционерите , бидејќи тие сепак на крајот од денот ние сме им работодавачи бидејќи нели ние ги плаќаме нивните плати преку нашите даноци. Не ми се допаѓа наративот кога синдикалецот е напаѓан од владеачка структура, мислам тоа е недозволиво во една демократска држава па дури и во минатот“, рече Кристина Ампева – активистка за работнички права.

Пред три дена од Сојузот на синдикатите рекоа дека тие ќе излезат на улица, доколку владата не им го исполни барањето за минималец од 500 евра.

Ангел Димовски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button