ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите во јавниот сектор, вработените ќе добијат и К-15

Преговорите на претставниците на синдикалните организации и Владата завршија со успешен исход. Од септември ќе добијат зголемување на платите од 10 проценти, исплата на К-15 до крајот на годината, а новата методологија која ќе почне да се применува од март 2025 година, ќе овозможи системско решение за усогласување на платите и ќе го осамости процесот на усогласувањето на платите од влијанието на која било влада во иднина.

Advertisements

– Ако имаме во предвид дека платите на голем дел од вработените во јавниот сектор со синдикални активности пораснаа изминатиов период, за нас беше битно тој пораст на платите на вработените од јавниот сектор да не биде анулиран со ова зголемување туку ова зголемување да биде дополнување на тоа зголемување од јануари до септември. Дополнително добро е тоа што утврдивме конечно регрес за годишен одмор. Исправивме една голема неправда кон вработените во јавниот сектор особено во здравството кои немаа добиено ниту еднаш до сега регрес за годишен одмор, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, по средбата со претставниците на Владата.

Тој потенцираше дека за нив е важно тоа што конечно се утврдува методологија со која ниту еден владин функционер повеќе ќе нема право да влијае на начинот на утврдување на платите на вработените во јавниот сектор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button